Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Платформа за родова еднаквост: Мора да има забрана за вршење на лекарска дејност за гинекологот Асани

Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“ покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора, велат од Платформата за родова еднаквост на која се потписници 28 Здруженија

Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик – стои во соопштението на оваа Платформа.

Според нив, и покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред две години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јелдз Веапоска.

За потсетување, гинекологот Асани нелегално ѝ ја водел бременоста во својата домашна ординација, а при породувањето во струшката болница, заведено во официјалната документација како стандарден оперативен зафат, ѝ извадил матка, бубрег и јајник.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново