Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Грковска: Од ОЛАФ ни укажаа дека се задоволни од соработката со нас, ги охрабрувам нивните истраги

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска денеска во Собранието на седницата посветена на пратенички прашања, рече дека на средбата во Брисел со претставниците на Европската служба против измами – ОЛАФ било укажано дека тие се задоволни од соработката со институциите во земјава, а таа нагласила дека ги охрабрува нивните истраги. 

Таа одговори на пратеничко прашање во врска со извештајот на ОЛАФ во однос на злоупотребите на европските фондови. 

-Од страна на претставниците на ОЛАФ, тогаш ни беше соопштено дека се задоволни од соработката со нашите институции, а од моја страна беше кажано дека ги охрабрувам да продолжат со истрагите, токму заради тоа што секој од нас без разлика на која и да е функција има обврска да биде одговорен за начинот на којшто се трошат парите на граѓаните, без разлика дали станува збор за парите од Буџетот или станува збор за донаторска помош или помош од страната на меѓународните, нашите меѓународни партнери, нагласи Грковска.

Таа истакна дека она што било укажано и од ОЛАФ, а и нејзина надеж е дека истрагите коишто се водат ќе имаат завршница и ќе биде јасен исходот. Додаде дека тие не се од таков вид за да можат да се одразат на ИПАРД помошта, која што веќе и е доделена на државава.  

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак денеска во врска со истрагите на ОЛАФ истакна дека сите кои злоупотребиле народни или европски пари, треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од партиската пратеничка група попладнево во 15:30 часот ќе оди на средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски во вила Водно и ќе б

– Ние за тоа зборуваме шест години, дека оваа Влада на ДУИ поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ, силно е вплеткана во криминал и корупција. Добро е што на нашите партнери од Европа им станува се појасно и добро е и тие што ќе се занимаат со оваа истрага. А идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и органите кои таа ќе ги има под свое управување, ќе истражуваат заедно со оваа агенција, нагласи Мицкоски.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, вчера од Битола, одговарајќи на прашање на МИА рече дека доколку истрагите на Европската служба против измами резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство и во тој случај очекуваат јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ќе ги следат одблизу. 

Амбасадорот Гир потврди дека ОЛАФ подготвила препораки за европските институции и македонските власти во однос на злоупотребата на европските фондови.

Вушност, процесот на преговори е обид да се донесе ЕУ во Северна Македонија. Процесот ќе потрае, но секој чекор напред во процесот на преговори, поконкретно во спроведувањето на реформите, тр

-Ова покажува колку сериозно ЕУ пристапува и го проверува начинот на кој парите од европските даночни обврзници се трошат во Северна Македонија. Сакам да потенцирам дека ОЛАФ е многу сериозно тело, кое спроведува истраги за тоа како се трошат парите на ЕУ.  Ја потврдувам бројката, но не ги знам деталите во врска со самите истраги. Можам да потврдам дека има различни субјекти кои се дел од тие истраги. Ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство, и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави амбасадорот Гир.

Европската служба против измами (ОЛАФ), одговорна за ревизија на фондовите за земјите членки на Европската Унија и за други држави кориснички во последните пет години отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан за злоупотреба или неправилности поврзани со европските фондови, од кои 18, како што пренесе Еуроњус Албанија, се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во земјава. ОЛАФ подготвила седум препораки за европските институции и за македонските власти. Од службата нема дополнителни информации за конкретните истраги, но објавено е дека за европските фондови, кои се потрошени целосно или делумно на национално или на регионално ниво во 2022 година, во Северна Македонија биле отворени четири истраги, а три се затворени со соодветни препораки.

Извор (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен