Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спортот киднапиран за политички цели: ЦИВИЛ го осудува говорот на омраза и насилството од навивачките групи

ЦИВИЛ – Центар за слобода изразува згрозување и крајна осуда за екстремниот говор на омразата и насилството на улиците на Скопје, пред и по натпреварот меѓу домашниот фудбалски клуб „Шкупи“ и бугарскиот „Левски“ во Скопје, на 27 јули. Ова треба да се запомни како неславен ден за спортот. Политиката, екстремниот национализам и насилството беа главен белег на овој спортски настан.

Јавноста посведочи на екстремен говор на омраза на социјалните мрежи, и насилство на трибините и на скопските улици кои ги донесоа навивачите на фудбалскиот клуб „Левски“ од Бугарија. Тие ја нападнаа и полицијата, а не ги поштедија ни случајните минувачи во Чаир, далеку од фудбалскиот стадион. За осуда е и говорот на омраза и насилството со кое одговорија и навивачите на македонскиот фудбалски тим „Шкупи“.

Тоа што се случи на спортските трибини, улиците и на социјалните мрежи, претставува своевидно киднапирање на спортот за потреби на екстремниот национализам. Се работи за крајно неприфатлива манипулација и злоупотреба на спортските настани за политички цели.

ЦИВИЛ бара од релевантните институции во нашата земја, како и во Бугарија, да го санкционираат ваквото однесување на спортските терени.

ЦИВИЛ ги повикува медиумите и целокупната јавност решително да ги осудат и отфрлат сите појави на национализам и говор на омраза.


ЦИВИЛ ВО ЖИВО во 13 часот: Неславен ден за спортот: Насилство и говор на омраза во Скопје

Прес студиото на ЦИВИЛ денеска ќе емитува програма во живо, на тема „Неславен ден за спортот: Насилство и говор на омраза во Скопје“, со почеток во 13 часот. Учесниците ќе зборуваат за вчерашното насилство на улиците на Скопје, поврзани со натпреварот меѓу домашниот фудбалски клуб „Шкупи“ и бугарскиот „Левски“ во Скопје.

Програмата може да се следи на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново