Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ВО ЖИВО) ЦИВИЛ за неславниот ден за спортот: Насилство и говор на омраза во Скопје

Повод за денешната панел дискусија на ЦИВИЛ на тема „Неславен ден за спортот: Насилство и говор на омраза во Скопје“ е  вчерашното насилство на улиците на Скопје, поврзани со натпреварот меѓу домашниот фудбалски клуб „Шкупи“ и бугарскиот „Левски“ во Скопје.

Модераторка на панел дискусијата е Диана Тахири, а учесници се Џабир Дерала и Дехран Муратов од ЦИВИЛ и проф,д-р Иван Анастасовски.

Како што изјави на почетокот модераторката настаните што го проследија наптреварот меѓу Шкупи и Левски,беше киднапирање на спортот за политички цели.

„Сметам дека УЕФА, не знам од какви побуди не препорача да нема публика на натпреварот. Доволно за нив беше да каже дека тоа е натпревар од висок ризик. Вчера тој настан беше се само не спортски настан. Втората поента е дека малку непријатно изненадува однесувањето на дипломатскиот претставник на Бугарија, кој се разбира, оправдано го осуди насилството извршено врз еден од навивачите на Левски, меѓуутоа мислам дека можеше да направи повеќе, да ги пречека своите сограѓани, на граница ако треба, или да упати јавен повик, да биде меѓу своите сограѓани, да ги смирува, да превенира опасна ситуација, можел да се обиде да влијае кај властите во својата земја да го канализираат оваа насилство’, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

„Со оглед дека кај нас спротските натпревари, одамна не се спортски, тоа се претежно политички и имаат некаква порака. Ако ги слушнеме изјавите и пред да дојдат во Македонија бугарските навивачи и за време на нивниот престој во Македонија, во одредени медиуми каде што ги пренесоа, тие воопшто не зборуваа за фудбал. Тие зборуваа дека се во бугарска Македонија, свои на своето’, вели новинарот на ЦИВИЛ Медиа, Дехран Муратов.

„Пораката што очигледно сакаа да ја пренесат навивачите на Левски е дека тие се тука да ја освојуваат Македонија, а не да победат во фудбал“, изјави Муратов.

„Јавноста посведочи на екстремен говор на омраза на социјалните мрежи, и насилство на трибините и на скопските улици кои ги донесоа навивачите на фудбалскиот клуб „Левски“ од Бугарија. Тие ја нападнаа и полицијата, а не ги поштедија ни случајните минувачи во Чаир, далеку од фудбалскиот стадион. За осуда е и говорот на омраза и насилството со кое одговорија и навивачите на македонскиот фудбалски тим „Шкупи“. Тоа што се случи на спортските трибини, улиците и на социјалните мрежи, претставува своевидно киднапирање на спортот за потреби на екстремниот национализам. Се работи за крајно неприфатлива манипулација и злоупотреба на спортските настани за политички цели“, изјави Дерала, потсетувајќи на соопштението и рекацијата на ЦИВИЛ.

„Вчерашниот натпревар мораше да биде многу посериозно сфатен од нашата држава. Ние сме во процес на уставни измени каде работите се зовриени. Чуствата се подигнати на највисоко ниво кај секој од нас, а имате наптревар со фудбалски клуб од држава која во моментот нас условно речено полиитчки не напаѓа и сака да не маргинализира. За жал, политичко-општествениот аспект на вчерашниот натпревар му го одзеде спротскиот дух, му го одзеде натпреварувачкиот карактер, му одзеде сè, а му даде само политичка конотација и националистичка реторика“, изјави проф,д-р Иван Анастасовски.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново