Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Словенечка вечер на „Охридско лето“ со камерниот оркестар „Camerata Academica”

Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ влегува во втората половина со словенечката вечер со вечерашниот концерт на Камерниот амсанбл „Camerata Academica” со уметниците Каролина Шантл-Жупан на флејта, Матеј Шарц-обоа, Јоже Котар-кларинет, Зоран Митев-фагот, Јоже Рошер-хорна и Миха Рогина на саксофон.

Ансамблот „Camerata Academica” го сочинуваат словенечки музичари, професори на Музичката Академија во Љубљана, а воедно и солисти на оркестарот на Словенечката филхармонија.

Создаден во 2020 година со желба да се промовира класата на дрвени дувачи на Музичката академија, составот е од променлив карактер во зависност од програмските определби и потреби на репертоарот. На концертите покрај дела напишани за составот, „Camerata Academica“ изведуваат и транскрипции на дела оригинално се напишани за друг тип дувачки состави или пак транскрипции на дела за гудачки состави. Тоа овозможува репертоарот на ансамблот да биде исклучително широк, со дела од рани мајстори, па сѐ до композиции од современата литература. Настапите на составот се восхитувачки токму заради разновидноста на програмата како и и поради техничките и виртуозни квалитети на уметниците.

Составот во кој ќе се претстават на „Охридско лето“, секстет сочинет од флејта, обоа, кларинет, фагот, хорна и саксофон е особено интересен поради тонската различност на инструментите која овозможува богато темброво нијансирање и отвора можности за интензивно музицирање.

За вечерашниот концерт е резервирана сцената на катедралната црква „Света Сoфија“, со почеток од 21 часот.

Зачлени се на нашиот е-билтен