Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Богоев: Нашиот концепт за влез во ЕУ е македонизација, а не бугаризација

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за ТВ21 кажа дека на дофат е Европската Унија, а во спротивно следува ‘бугаризацијата’.

– Во НАТО влеговме, и тогаш не плукаа предавници и слично, влеговме во НАТО. Сега ни е на дофат ЕУ. Сега овој чекор ако не го направиме, тогаш следува бугаризација. Што е бугаризација што ВМРО – ДПМНЕ ја зборува во континуитет. Бугаразација беше додека 11 години ВМРО – ДПМНЕ беше на власт, зошто, затоа што во тие  11 години се извадени рекорден број на бугарски пасоши за македонски граѓани. Зошто, затоа што луѓето во очај си бараат подобра перспектива одеа во Софија, Пловдив, потпишуваа дека се чувствуваат како Бугари дека имаат бугарски корени, вели Богоев.

Според него, сега, ако македонските граѓани од сите етнички заедници видат дека не може да влеземе во ЕУ поради, како што истакна, инаетот на Мицкоски и Апасиев повторно ќе посегнат по бугарски пасоши и повторно ќе имаме бугаризација.

– Концептот што ние го нудиме за членство во ЕУ до 2030 година е концепт на македонизација, обратно од бугаризација. Македонски пасош, македонско државјанство, животот во Македонија да вреди. Ние нудиме концепт на македонизација и живот по европски стандарди во Македонија. А тие не туркаат во изолација, изолација значи бугаризација, луѓето во очај одат и вадат бугарски пасоши и се потпишуваат како Бугари. Таа е разликата меѓу нив и нас, заклучи Богоев.

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервјуто за ТВ21 повтори дека на лидерската средба бил постигнат договор во однос на уставните измени.

– Мицкоски излезе и го кажа, вели договоривме техничка Влада, барам да биде без ДУИ па после изгледа го искараа, има една структура внатре во ВМРО – ДПМНЕ порадикална, којашто условно кажано го влече за уши и го враќа во колосек кон националнизмот и кон закопување во ровови. Манифестот има за цел уште еднаш да даде гаранции дека преговорите ќе ги водиме сите заедно, транспаретно, ефикасно и ефективно затоа што ние заеднички таргет Македонија членка на ЕУ до 2030 година. Прилично амбициозна цел, но не и нереална. Цел која може да се реализира доколку сите седнеме заедно и работиме заедно, вели Богоев.

Тој повика опозицијата да каже што е проблематично во предложениот манифест за преговори со ЕУ.

– Тоа што манифестот гарантира заштита на нашиот македонски јазик, култура и национална определба. Тоа ли е спорно? Што има спорно? Спорно ли е до 2030 да се потрудиме да станеме членка на ЕУ. Нека кажат што е спорно. Што е спорно во декларацијата лани што ја изгласавме во Собрание? Не ја гласаа. Видете го парадоксот на ВМРО – ДПМНЕ. ВМРО – ДПМНЕ бара гаранции од ЕУ дека немало да има нови услови кои задираат во македонскиот јазик и идентитет, а што е резолуцијата на германскиот Бундестаг? Биндестагот донесе резолуција за Македонија, за посебност на јазик, култура, идентитет. Американскиот конгрес и Сенат септември месец го предлагаат како месец на билатералното пријателство со целосна серија на активности за признавање на македонската култура, јазик, идентитет, нација и посебност. Зборуваме за САД и за Германија. Овие сега сакале некаква гаранција, потенцира Богоев.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново