Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Агелер: ЕУ беше кристално јасна, лажна вест е дека е можен подобар договор и дека некој може да репреговара нов договор

Американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Канал 5 вели дека ЕУ беше кристално јасна и нагласува дека лажна вест е дека е можен подобар договор и дека некој може да репреговара нов договор.

„Европската унија беше кристално јасна за тоа што се бара од оваа земја за да се придвижи напред кон интеграцијата и да биде целосно рамноправна членка на евро-атлантската заедница. Тоа ќе се постигне со исполнување на обврските од договорот постигнат минатото лето и со тоа да оди напред низ разните пристапни процеси.

Лажна вест е тоа дека некој може да го репреговара договорот постигнат минатото лето. Тоа е лажна вести. Исто така лажна вест е дека е можен подобар договор кој сè уште не сме го откриле.

Амбадорот на ЕУ овде во Скопје Гир, но и Брисел беа многу јасно дека ова се барањата за одење напред. Така што уште еднаш, наместо да биде заглавени во историски прашања и контексти, тоа што е барање на граѓаните од политичарите кои ги избрале, е тие да работат за нивните интереси и да ја придвижат земјата кон Европската унија.

Тоа е местото каде што се можностите за економски раст, образование, социјала, трговија и многу други можности постојат. И навистина искрено за надевам дека тие ќе ги направат тешки одлуки.“, рече амбасадорката Агелер.

„Многу се надевам дека пратениците, лидерите и членовите на сите политички партии повторно ќе го препознаат овој клучен момент за оваа земја и ќе донесат одлуки кои се за доброто на граѓаните, а не во интерес на нивните политички или лични аспирации. Оваа земја може и ќе има огромна корист од членството во ЕУ и членството во широката трансатлантска заедница. “, рече Агелер.

Навраќајќи се за начинот за решавање на спорот со Бугарија, односно прифаќањето на т.н. Француски предлог, амбасадорката вели дека по разговорите со политичарите кои биле дел од преговорите, ова била најдобрата зделка за земјата.

– Мораат лидерите на двете држави да бидат способни да продолжат понатаму. Тоа е најдобриот интерес за земјата, да се решат меѓусебните разлики, да се исполнат обврските преземни минатото лето и да бидам искрена, јас не бев тука минатото лето. Не бев дел од групата која што го ревидира Францускиот предлог и кои што одлучија да продолжат согласно предлогот, но разговарав не само со американската страна туку и со овдешните лидери кои што беа дел од преговорите и тие се чувствуваа многу сигурни дека позициите кои беа понудени се најдобрата можна зделка за земјата да продолжи напред со преговорите. Затоа сега прашањето е како да се продолжи кон ЕУ, затоа што тука лежат изворите на сите можности за економски раст на оваа земја кои верувам дека и се потребни и ги сака. Затоа се надевам дека ќе престанеме да гледаме во минатото и гледано од историски контекст да престанеме да се грижиме за поплаките и компомисите во минатото, и наместо тоа да гледаме во иднината, рече Агелер.

Додаде оти верува дека историчарите ќе се навраќаат на овој момент во иднината како на еден многу критичен момент за земјата и ќе гледаат кон лидерите на различните партии и како тие се однесувале, дали го оправдале нивниот избор или ќе ги презираат.

Преземено од Фронтлајн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен