Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Медиумската Група Вагнер нападнала некој министер. Ништо ново. Речено им е дека владата е нивниот Соледар. Исплакнати се од чувства, особено од страв и срам. На тие на кои ќе им се намерачат или на оние што ќе им ги покаже македонскиот Пригожин, со забарска бургија им бркаат во очите и ако писнат, прво се чудат и ја прашуваат жртвата „ма што ти е, зошто толку врискаш“, а потоа им стрелаат у стомак. Со шише скршено откај гзерот им бркаат на жртвите од власта или блиски до власта во шупакот, тврдејки дека им го чистат анусот од антинародни хемороиди и полипи. Е, тука кој ќе писне, добива стингер во мевот.
Работат како наемници на злото.
Ментални терористи.
Макар што викаат дека се новинари.
Кои никој не смее да ги нападне.
Замислете во каков статус се умислила сектата.
Поубедливо звучи кога јас ќе кажам дека сум Леонардо ди Каприо, во оној филм со многу пари, дрога и секс.
А јас ни марихуана не пушам.
Хахаха!
Извор: Frontline