Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: За разлика од етно-центристичките и популистичките, прогресивните, социјал-демократски партии се најдоследните чувари на идејата за ЕУ

„Прогресивните, социјал-демократски и социјалстички пратии се сѐ уште најдоследните кога станува збор за застапувањето и афирамцијата на идејата за Европската Унија како суштински политички проект и за приклучување на Западен Балкан кон ЕУ“, истакна вицепремиерот во Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања и Бојан Маричиќ во своето обраќање на попладневната сесија на овогодишната Корчуланска школа во Хрватска, којашто оваа година е посветена на „Научените лекции од конфликтите на Балканот во перспектива на војната во Украина“.

Во своето обраќање „ЕУ е политички процес и како таков треба да се гледа имајќи ги предвид човековите права,  родовата еднаквост, зелената агенда и другите вредносни системи коишто се главни столбови на социјал-демократијата“.

„Клучна поента е да се изградат наративи дека ЕУ се опција на иднината имајќи ги предвид човековите права и социјал- демократските вредности за кои треба да се бориме и застапуваме без компромис против популистите и етно националистите во регионот“, истакна Маричиќ.

Маричиќ посочи дека случајот на Северна Македонија и нејзините аспирации за членство во ЕУ и кон европските вредности, опозицијата како етноцентрична и популистичка се покажа како пречка во процесот за преговори за членство во ЕУ.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ потсети на Преспанскиот договор и го посочи неговото постигнување и потпишување како победа врз радикалите и популистите и како модел за решавање на меѓусоседските отворени прашања.  

„Ги пацифизиравме етноцентристичките реторики и ја наметнваме европската перспектива за да ги одредиме нашите достигнувања и перспективи низ мерилата и вредностите на ЕУ и НАТО така постигнавме успех“, укажа во своето обраќање Бојан Маричиќ и нагласи дека регионот нема бескрајно време на располагање и дека 30 години после конфликтите во поранешна Југославија и останатите други конфликти мора да се надминат фрустрациите од минатото со прифаќање на перспективите што ги отвора пред народите на Западен Балкан политичката идеја за ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново