Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Сител телевизија кажа повтори дека сме во ваква ситуација поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ одлучила да ја блокира европската иднина на државата.
– Ние цело време ги информираме. Jас лично во повеќе средби со нивни претставници каде што сме ги информирале за текот на разговорите. Затоа мислам дека има тенденција определени кругови и дел од граѓаните да веруваат во заблудите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие заблуди скапо ќе не чинат. Заблуда е дека ние можеме да преговараме подобар договор, или пак дека имаме безкрајно време да чекаме. Тие заблуди ќе не чинат многу скапо. Сите други држави ќе направат чекори напред дури и Украина и Молдова кои што се денеска држави со сериозни безбедносни ризици, а Украина е во крвава војна и агресија под Русија. Ние ќе дозволиме тие држави да одат пред нас, а ние ќе чекаме подобри времиња за да изпреговараме и да ја натераме Бугарија во нешто што нема потреба да ја убедуваме. Нас не треба да не интересира Бугарија, нас не интересираат нашите граѓани, рече Маричиќ.
Тој вели дека ја разбира, како што истакна, опсесијата на ВМРО-ДПМНЕ со избори.
– Три години освен избори ние други ништо немаме слушнато од нив. Таа безидејност не можете да ја покриете со постојано барање предвремени избори и јас мислам напротив, дека предвремените избори ќе не доведат на она ситуација од 2008, кога доживеавме еден врв на националистичка мобилизација дека не попуштаме. Потоа никогаш ВМРО-ДПМНЕ не можеше да направи компромис. Ние сега сме во ситуација кога ВМРО-ДПМНЕ, сигурен сум, дека ако одиме на избори без решено прашање во Собранието, без изгласани устави измени, повторно ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на таа позиција и по изборите и никогаш нема да ги поддржи, рече Маричиќ.
Според него ВМРО-ДПМНЕ нема да победи на наредните парламентарни избори и нема да ја формира наредната влада, особено доколку го задржи антиевропскиот курс на својата политика.
– Изборите секогаш траат меѓу 60-90 дена, ако ги одземеме наредните 60 и 90 дена со сите процедури по изборите за формирање на влада веќе доаѓаме до самиот крај на годината. Тоа значи дека целото ова време од наредните 4 месеци сме го искористиле за избори, а по нова година веќе европските институции ќе влезат во едно предизборно расположение бидејќи во јуни се европските парламентарни избори. Сигурен сум дек Албанија и сојузниците на Албанија ќе сакаат да се разговара и за втора меѓувладина конференција за Албанија, секако и за нас доколку за тоа постојат услови, но ако не ги исполните уставните измени за тоа нема да постојат услови, истакна Маричиќ во интервјуто за ТВ Сител..