Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски и Пендаровски изразија длабоко сочуство по ужасната вест за земјотресот во Турција

Премиерот Димитар Ковачевски упати сочувство кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за стравотниот земјотрес што утрово ја погоди југоисточна Туркије.

„Ужасна вест за земјотресот во Турција која не растажи сите. Во мое лично и во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам длабоко сочуство кон Recep Tayyip Erdoğan за изгубените животи, и посакувам брзо опоравување на повредените“, напиша Ковачевски на својот Фејсбук профил.

Претходно и претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган по разораниот земјотрес која ја погоди земјата утринава.

-Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Туркије. На повредените им посакувам брзо закрепнување, објави Пендаровски на Фејсбук.

Повеќе од 300 луѓе загинаа во Сирија и во Турције во силниот земјотрес во близина на јужниот турски град Газиантеп рано утринава. Се очекува бројот на загинати да се зголемува.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново