Најмалку три лица се приведени по судирите во делот на шведскиот град Малме каде што се наоѓаат имигранти, до кои дојде откако антиисламскиот активист Салван Момика запали копија од Куранот
Полицијата во третиот по големина град во Шведска соопшти дека нејзините припадници биле гаѓани со камења, а десетици автомобили биле запалени.
Полицијата ги опиша овие настани, кои почнаа вчера и продолжија во текот на ноќта, како „насилни немири“.