Јапонија ги зајакнува безбедносните врски со Тајван

 Јапонија назначи државен функционер за одбранбеното аташе на Тајван, со што го подигна нивото на нејзините безбедносни врски, објавија британските медиуми.

Токио нема официјално дипломатско претставништво во Тајван и одржува билатерални односи преку Јапонско-тајванската асоцијација за размена во Тајпеј, составена главно од прераспределени службеници од министерствата за надворешни работи и трговија. Сепак, улогата на одбранбено аташе досега ја извршуваше пензиониран офицер на Јапонските сили за самоодбрана за да избегне конфронтација со Пекинг.

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека ќе продолжи само со „невладини“ врски со Тајван. Тајванското Министерство за надворешни работи одби да го коментира случајот кога беше прашано за новоименуваното јапонско одбранбено аташе, но рече дека „ќе продолжи да ја продлабочува соработката со партнери и со истомисленици како Јапонија“.

Портпаролот на Канцеларијата за прашања на Државниот совет на Тајван, Чен Бинхуа рече дека Пекинг се противи на „секаква форма на официјална размена меѓу земјите со кои Кина има воспоставено дипломатски односи и кинеската провинција Тајван.

-Кина ја повикува јапонската страна да учи од историјата, да се придржува до принципот на една Кина… и да биде внимателна во зборовите и постапките за тајванското прашање, рече Чен. 

Зачлени се на нашиот е-билтен