Делови од Карпош без вода, Лисиче и Пржино без струја

Делови од Карпош денеска ќе останат без вода, додека прекини во снабдувањето со електрична енергија се најавени во Горно Лисиче и Пржино поради технички интервенции.

Во Карпош, поради поврзување на нова водоводна мрежа и уличен дефект на улицата „Ванчо Мицков“ број 13, без вода ќе бидат корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ и дел од улицата „Демир Трајко“.

Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 9:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Прекини во снабдувањето со струја се најавени и во делови од општините Аеродром и Кисела Вода.

Во Горно Лисиче, корисниците на улицата „Божин Николов“ ќе бидат без електрична енергија од 9 до 11 часот.

Во Пржино, без струја ќе останат корисниците на улицата „Караџица“ во периодот од 10:30 до 15:30 часот.

Прекините се најавени поради планирани технички интервенции.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?