Пожар избувнал во помошна просторија што ја користело ЈП „Комунално“ во Струга. Нема повредени, но е причинета материјална штета, информираат од СВР Охрид.
Случајот бил пријавен во ОВР Струга на 23 ноември, во 10:34 часот. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, чии екипи го локализирале и целосно го изгаснале пожарот.
Во полициската информација не се наведени причината за избувнувањето на пожарот и висината на материјалната штета.
