Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Евростат: Највисока инфлација во Словачка, Хрватска и Словенија

 Индексот на потрошувачките цени (CPI) во еврозоната се зголеми во септември за 4,3 отсто на годишно ниво.

Европскиот завод за статистика (Евростат) ги објави податоците за инфлацијата во еврозоната за септември. Според последните податоци, годишната инфлација во еврозоната, која во август изнесуваше 5,2 отсто, во септември изнесува 4,3 отсто.

Очекувањата на пазарот беа дека годишната инфлација во еврозоната во септември ќе изнесува 4,5 проценти.

Највисока годишна инфлација е забележана кај храната, алкохолот и тутунските производи од 8,8 отсто.

Според податоците компатибилни со Европската Унија, инфлацијата во септември била највисока во Словачка со 8,9 отсто, потоа Хрватска со 7,3 отсто, Словенија 7,1 отсто, Австрија 5,8 отсто, Италија 5,7 отсто, Франција 5,6 отсто и Германија 4,3 отсто. 

Зачлени се на нашиот е-билтен