Шошкиќ очекува коруптивниот систем во Србија да се урне како кула од карти

Коруптивно-криминалниот систем што навлегол во државата ќе се урне како кула од карти, оцени Дејан Шошкиќ од студентската листа во интервју за ФоНет. Тој побара одговорните да бидат процесирани од надлежните институции, со почитување на законот.

Шошкиќ ги оцени како алармантни наводите за уништување документација во институциите. Според него, таквите „панични реакции“ укажуваат дека корумпираниот систем се распаѓа.

Ги повика вработените да одбиваат незаконски наредби и да работат според прописите и професионалните стандарди.

Истовремено предупреди дека, пред формирањето влада, од студентската пратеничка група не може да се очекува да извршува надлежности на извршната власт.

Според Шошкиќ, следува многу работа, вклучувајќи истражување на финансиските текови. Некои постапки ќе бараат повеќе време, но важно е резултатите да бидат квалитетни и трајни.

Тој нагласи дека одговорноста треба да се утврдува институционално, без функционери што би се поставувале истовремено во улога на обвинител и судија.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?