Двегодишното момче Мерт Татар утрово е извлечено живо од под урнатините на зграда во Хатај, 79 часа по разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните градови на Турција.
Операциите за пребарување и спасување во регионите погодени од земјотресот продолжуваат. Припадниците на спасувачката екипа на Канцеларијата за вонредни ситуации на Република Турција (АФАД) утрово за време на спасувачката акција слушнале плач од под урнатините и по огромни напори успеале да го спасат малото.
Двегодишно момче било заглавено под урнатините цели 79 часа. Тоа веднаш е пренесено во болница.
Според последните информации, во разорните земјотреси во Турција и Сирија загинале повеќе од 15.000 луѓе.
Извор: Бриф