Хуман потег на неколку кафулиња кои решија кафето да го наплаќаат со СМС порака за помош на Туркије и Сирија.
Кафе барот Тафталиџе вчера објави:
-Од утре, па до сабота важи ова правило: Бројот е 143-400 (Телеком и А1). Повикот е 100 ден. Доѓаш, пиеш Лаваца кафе во Бифе или напред, на тераса, праќаш СМС и кафето е платено. Толку можете – толку можеме. Биди човек во живо, не на Фејсбук.
Кафе КИНО од Прилеп објави:
-Да ја поддржиме акцијата на Бифе тафталиџе, за Турција и Сирија. Утре четврток од 12 ч. до 16 ч. важи ова правило: Бројот е 143-400 (Телеком и А1) за помош на настраданите од земјотресот. Повикот е 100 денари. Доаѓаш, пиеш кафе во Кафе КИНО додека уживаш праќаш СМС и кафето е платено. Ги предизвикуваме и другите угостители во Прилеп, на истиов начин да ја поддржат хуманитарната акција.