Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Русија нема да ја почитува забраната за нуклеарни проби

Откако Кремљ минатата недела рече дека Русија може да размисли за отповикување на ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (CTBT), Советот на руската Дума ќе се состане денеска за да разговара токму за ова прашање.

Минатата недела, Москва сигнализираше дека може да се повлече од договорот, истакнувајќи дека САД го потпишаа договорот, но не го ратификуваа – што дополнително ја поттикнува загриженоста дека Москва би можела да продолжи со нуклеарните тестови.

Со отповикување на ратификацијата, САД вели дека Москва сака да го зголеми притисокот врз Вашингтон и неговите сојузници да ја запрат испораката на оружје и друга помош за Украина.

Договорот е потпишан од 187 земји и ратификуван од 178, но не може да стапи на сила додека осум конкретни земји не го потпишат и ратификуваат. Кина, Египет, Иран и Израел го потпишаа, но не го ратификуваа. Северна Кореја, Индија и Пакистан не го потпишаа.

Иако САД го потпишаа, но не го ратификуваа договорот, тие го почитуваа мораториумот на тестовите за нуклеарно оружје од 1992 година и велат дека не планираат да го напуштат.

Во четвртокот, рускиот претседател Владимир Путин ја истакна можноста за продолжување на нуклеарните тестирања, зголемувајќи ја загриженоста за нова трка во нуклеарното вооружување меѓу Русија, САД и Кина. (МИА)

Најново