Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Силен ракетен напад врз Ерусалим и Тел Авив, пратениците од Кнесетот во засолништа

Силен ракетен напад е извршен денеска врз Ерусалим и Тел Авив, принудувајќи ги пратениците од Кнесетот во текот на седница да мора да заминат во засолништа.

Сирените за воздушен напад се огласија во Ерусалим и Тел Авив, а членовите на палестинската милитантна група Хамас од Појасот Газа лансираа ракети со долг дострел.

„Тајмс оф Израел“ објави дека ова е веројатно најголемата канонада од баражен ракетен оган од првиот напад на Хамас на 7 октомври. Неколку силни експлозии се слушнале во двата најголеми града во Израел, но засега нема информации за повредени или материјална штета.

Седницата на Кнесетот, на чиј почеток зборуваше премиерот Израел, Бенјамин Нетанјаху, е одложена, а пратениците и останатите присутни заминаа во засолништа.

По 40-минутната пауза, предизвикана од ракетниот напад во Ерусалим, Кнесетот повторно ја продолжи парламентарната седница.

Зачлени се на нашиот е-билтен