Филипинскиот новинар Хуан Хумалон денеска е убиен во неговиот дом на островот Минданао, соопшти полицијата.
Хумалон (57) е убиен од огнено оружје, а напаѓачот е во бегство.
Филипинската национална унија на новинари го осуди убиството на Хумалон.
Филипините се една од најопасните земји во светот за новинарите, кои се честа мета на напади и застрашување. Сторителите на напади врз новинари ретко ја добиваат заслужената казна.