Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Летонија ги легализираше истополовите партнерства

 – Летонскиот парламент денеска усвои одлука со која им се дозволува на истополовите парови да регистрираат партнерства, со што ќе им се овозможи да бидат законски признати, но сепак да имаат помалку права од брачните двојки.

Хомосексуалноста останува проблем кој предизвикува поделби во Летонија, чии пратеници го променија уставот во 2005 година за да го дефинираат бракот како заедница дозволена само меѓу маж и жена.

Новиот закон, кој треба да стапи во сила кон средината на следната година, им овозможува на истополовите двојки да го пријават партнерството кај нотар.

Партнерите во таков однос имаат право на посети во болница и некои даночни и социјални бенефиции.

Министерката за правда Инезе Либина-Егнере рече дека парламентот нема намера да им обезбеди на партнерите во граѓанските заедници слични права како брачните парови.

„Признаваме дека имаме семејства кои не се во брак и вака можат да ја регистрираат својата врска“, изјави таа. „Политичката волја е да се има навистина специфичен тип на регистрирано партнерство.

Највисокиот суд на Летонија во 2020 година пресуди дека земјата мора да ги признае невенчаните семејства, а 46 истополови двојки успешно поднеле барање до судовите за да бидат признати како семејни заедници, објави јавната телевизија ЛСМ.

Соседот на Летонија, Естонија ги легализираше истополовите бракови во јуни.

Зачлени се на нашиот е-билтен