Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Од руската агресија настрадаа 1.384 деца во Украина

Како резултат на целосната вооружена агресија на Русија, во Украина досега се убиени 461 дете, а уште 923 се повредени, пренесува Укринформ.

„Од утрото на 14 февруари 2023 година, повеќе од 1.384 деца настрадаа во Украина како резултат на целосната вооружена агресија на Руската Федерација. Според официјалните информации доставени од обвинителите за малолетници, загинале 461 дете, а повеќе од 923 се здобиле со повреди од различен степен на сериозност“,  објави на Телеграма Украинското Јавно обвинителство.

Се забележува дека овие бројки не се конечни, бидејќи се работи во областите на активни воени дејствија, на привремено окупираните и ослободените територии.

Најмногу деца беа погодени во регионот Доњецк – 444, регионот Харков – 272, регионот Киев – 123, регионот Керсон – 87, регионот Запорожје – 84, регионот Миколаев – 83, регионот Чернихив – 68, регионот Луганск – 66 и регионот Дњепропетровск – 6 .

На 13 февруари, 14-годишно момче беше повредено од непријателско гранатирање во Лиман, регионот Доњецк.

Покрај тоа, со редовни воздушни напади и гранатирање на цивилна инфраструктура и станбени области од страна на руските вооружени сили беа оштетени 3.126 образовни институции. Од кои 338 се целосно уништени.

Како што пренесува Укринформ, непријателот користи училишта во заробениот регион Луганск за привремено сместување на руските војници.

Подготви: Д. Мишев(ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново