Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: Не е прв пат во Тетово да имаме играње со национални чувства, не се затвара националната установа библиотека за да се даде под наем

„Не е прв пат во Тетово да имаме играње со национални чувства. Последниот натпис беше дека Министерката ја затвора националната установа библиотека за да го даде под наем тој простор што апсолутно не е точно. Напротив, националната установа библиотека Тетово се сели во нови подобрени простории и тоа не е крајно за нив“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во нејзиното гостување во „Тема на денот“ на Сител Телевизија.

Таа додаде дека таму во тек е изградбата на нов објект театар и библиотека Тетово и дека депото на националната установа библиотека може да се пресели во целосно новиот објект бидејќи нивниот дел е готов.

„Во просторот којшто се ослободува ќе има Europe House. Најмалку е тоа давање под наем“, заклучи Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура за поставувањето на крстот рече дека Тетово не е ни прва општина каде што имаме предизборни пазарења каде што се подгрева национализам

„Реакциите за поставувањето на крстот на црковно земјиште не се воопшто лоши. Напротив, не видов никакви осудувања од страна на граѓаните и она што го слушнавме како реакција овие денови. Меѓутоа, ова не е прва општина каде што имаме некакви видови на предизборни пазарења каде што се подгрева темата национализам“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во нејзиното гостување во „Тема на денот“ на Сител Телевизија.

Министерката смета дека граѓаните на Северна Македонија одамна се освестени на многу повисоко ниво и дека национализмот повеќе „не пали“.

„Се работи за потценување на чувствата на граѓаните и потценување на нешто што многу одамна во нашата држава е веќе минато и што е заборавено, бидејќи ние како земја којашто стреми кон тоа да биде полноправна членка на ЕУ, како земја која се гордее со негување на мултикултурализам, со негување на многу култури и јазици, обичаи, традиции, ваквиот потег не му прилега никому“, заклучи Костадиновска-Стојчевска

Зачлени се на нашиот е-билтен