Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нехамер го потврди ветото за Шенген за Бугарија и Романија

Австрискиот канцелар Карл Нехамер во разговор со австриските новинари го потврди својот став во однос на ставеното вето против проширувањето на Шенген зоната со Бугарија и Романија.

Ветото ќе остане на сила се додека системот е „нефункционален“, рече Нехамер, потсетувајќи на барањата за статус на бегалец поднесени во Австрија од 75.000 нерегистрирани мигранти кои ја преминале надворешната граница на Европската унија долго пред да влезат во Австрија.

Нехамер укажа и на сè уште постојната германска гранична контрола долж границата со Австрија. Тој ги отфрли обвинувањата за несолидарност. Канцеларот потсети дека едно време Германија го блокирала влезот на Австрија во Шенген со аргумент дека Австрија не е во состојба да ја заштити надворешната граница. Тој изјави дека Австрија тогаш не била загрижена, туку работела на ова прашање за да ја добие довербата на Германија.

Зачлени се на нашиот е-билтен