Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Столтенберг апелира за продолжување на примирјето помеѓу Израел и Хамас

 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска упати апел за продолжување на примирјето помеѓу Израел и Хамас.

– Повикувам на продолжување на паузата. Тоа ќе дозволи достава на помош за луѓето во Газа и ослободување на поголем број заложници, истакна Столтенберг.

Примирјето стапи во сила на 24 ноември и денеска е последен ден, но се поголеми се навестувањата дека истото ќе биде продолжено.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново