Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Канани: Иран повика на траен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

– Иран денеска повика на траен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. 

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, повика на стабилно примирје и да нема повторување на, како што кажа, „суровата агресија на ционистичкиот режим врз Газа“, пренесе Ал Џезира. 

Канани на прес-конференција додаде дека Иран очекува злосторствата на Израел против палестинскиот народ да бидат целосно запрени. 

-Иран внимателно го следи можното продолжување на примирјето во Појасот Газа, рече Канани. 

Најново