Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОН го осудија „катастрофалното“ продолжување на воените операции во Газа

 Обединетите нации денеска го осудија „катастрофалното“ продолжување на воените операции во Газа и ги повикаа завојуваните страни да обезбедат траен прекин на огнот.

Израелските воени авиони продолжија да ја бомбардираат Газа, испраќајќи ги палестинските цивили да бегаат во засолништа по колапсот на еднонеделното примирје кое истече без договор за продолжување.

„Новиот почеток на непријателствата во Газа е катастрофален. Ги повикувам сите страни и земји со влијание врз нив веднаш да ги удвојат напорите за обезбедување прекин на огнот, заснован на хуманитарни прашања и човекови права“, рече Волкер Турк, висок комесар на Обединетите нации за човекови права.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на „Икс“ објави дека жали за продолжувањето на борбите и изрази надеж дека ќе биде договорен нов прекин на огнот.

„Враќањето на непријателствата само покажува колку е важно да се има вистински хуманитарен прекин на огнот“, рече Гутереш.

Апелирајќи за траен прекин на огнот, УНИЦЕФ недејствувањето во Газа го опиша како „одобрување убиства на деца“. „Мора да се спроведе постојан прекин на огнот“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер за новинарите преку видео врска од Газа.

„Неактивноста во својата срж е одобрување на убивањето деца… Несовесно е да се мисли дека новите напади врз луѓето во Газа ќе доведат до нешто друго освен масакр“, додаде Елдер. 

Зачлени се на нашиот е-билтен