Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска разговараше со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мухамед бин Зајед Ал Нахјан при што оцени дека прекинот на огнот во Газа претставува „многу негативен“ развој во конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Како што соопшти кабинетот на Ердоган, лидерите на Турција и ОАЕ се сретнаа на маргините на самитот КОП28 што се одржува во Дубаи. Ердоган се сретна и со премиерите на Јапонија и Италија, Фумиа Кишида и Џорџа Мелони, со кои разговараше за ситуацијата во Појасот Газа, како и со неговиот узбекистански колега Шавкат Мирзијоев.
– Претседателот Ердоган, кој оцени дека повторното започнување на конфликтот е многу негативно, рече дека Турција работи на постигнување траен прекин на огнот и хуманитарната помош да стигнува до Газа, се вели во соопштението.
Турскиот претседател рекол и дека неговата земја „прави се за да го запре израелскиот масакр“, но дека муслиманскиот свет мора да дејствува покохерентно.