Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Декларација на COP28: Околу дваесет земји планираат тројно да ја зголемат нуклеарната енергија

Планот на околу дваесет земји е значително да го зголемат производството на нуклеарна енергија во корист на климата, се наведува во декларацијата објавена на самитот на ОН за климата.

Според декларацијата потпишана од Франција и САД, капацитетите треба тројно да се зголемат до 2050 година. Пактот го потпишаа и Канада, Јапонија, Велика Британија и уште неколку други европски земји.

Сосема очекувано, Германија не е еден од потписниците откако оваа година се откажа од нуклеарната енергија. Но, во многу други земји, како Франција и Британија, нуклеарната енергија сè уште игра клучна улога во снабдувањето со енергија.

Во декларацијата се наведува дека нуклеарната енергија игра клучна улога за постигнување климатска неутралност до средината на векот и ограничување на температурата на 1,5 степени Целзиусови, со што светската заедница сака да ги спречи најлошите последици од глобалното затоплување.

Испратен е повик и до другите земји да се приклучат, а до донаторите да инвестираат во проширување на нуклеарната енергија.

САД ветија три милијарди долари за Зелениот климатски фонд, изјави денеска во Дубаи американската потпретседателка Камала Харис на климатскиот самит на ОН.

„Денес со гордост објавувам ново ветување од 3 милијарди долари за Зелениот климатски фонд, кој им помага на земјите во развој да инвестираат во отпорност, чиста енергија и еколошки решенија“, рече таа.

Фондот, со повеќе од 20 милијарди долари ветени средства, е најголемиот меѓународен фонд посветен на поддршка на климатските активности во земјите во развој.

Покрај поддршката за прилагодување кон климатските промени, Фондот финансира и проекти кои им помагаат на земјите да преминат кон чиста енергија.

Г. Т.

Најново