Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Столтенберг за АРД: По големиот напад на Русија, ситуацијата за Украина е критична, мораме да ја поддржиме Украина и во добри и во лоши времиња

Во ексклузивно интервју со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за германската ТВ АРД, тој предупреди дека, по големиот напад на руските сили, западната воена алијанса треба да биде подготвена и за лоши вести од украинскиот фронт.

Столтенберг нагласи дека Кијив продолжува да се брани од сеопфатната инвазија на Русија.

„Војните се развиваат во фази. Mораме да ја поддржиме Украина и во добри и во лоши времиња. Треба да бидеме подготвени и за лоши вести“, изјави Столтенберг во интервјуто емитувано во саботата.додаде Столтенберг, без да биде поконкретен.

Неговите коментари доаѓаат додека западните сојузници дебатираат за муниција и финансиска помош за Украина, а истовремено, Москва го зголемува нивото на своите војници. Рускиот претседател Владимир Путин во петокот потпиша указ за зголемување на бројот на војници за околу 170.000, со што бројот на војниците се покачи на вкупно 1,3 милиони.

Столтенберг на АРД, 2 декември 2023 (скриншот)

Линиите на фронтот малку се поместија во последниве месеци, наспроти контраофанзивата на Кијив во текот на летото. Украинците користеа крстосувачки ракети за да ја потиснат руската флота во Црното Море и предизвикаа штета длабоко на руската територија

„Ова се големи победи, иако не можеа да ја поместат линијата на фронтот“, рече Столтенберг во интервјуто.

Столтенберг ги повика членките на НАТО да го зголемат производството на муниција, жалејќи се на фрагментираната состојба на европската одбранбена индустрија.

„Не сме во можност да соработуваме толку тесно како што треба“, рече тој, повикувајќи ги владите да гледаат подалеку од нивните национални интереси и да ја видат големата слика.

Победата на Путин не само што би била трагедија за Украина, туку би претставувала и опасност за останатите сојузници, рече Столтенберг.

„Колку повеќе ја поддржуваме Украина, толку побрзо ќе заврши војната“, изјави генералниот секретар на НАТО за германската АРД.

Овој став е во контекст и на изјавата на генсекот на Алијансата по самитот на министрите за надворешни работи на НАТО на 29 ноември, кога тој најави дека во тек се подготовките за трансформација на сеопфатниот пакет за помош на НАТО во повеќегодишна програма за помош. На тој начин, помошта за Украина ќе ѝ помогне на земјата да премине од советско време кон опрема и стандарди на НАТО. Според Столтенберг, овој процес ќе ги направи украинските сили целосно интероперабилни со силите на НАТО.

Џ. Д.(ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново