Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Граѓаните реагираат на невкусното политиканство на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица: Грозни сте!

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот пратеник Игор Јанушев се обиде да ја политизира трагедијата и да ќари ситни политички поени во моменти кога целата македонска држава тагува за изгубените животи на Вања и Панче.

Јанушев одржа невкусна политиканска прес-конференција на која изнесе низа шпекулации и дезинформации, што предизвика револт кај граѓаните кои им порачаа на партијата дека се грозни што се обидуваат да добиваат политички поени на ваква трагедија.

„Навистина сте грозни! Срамота ДПМНЕ на што сте спремни само за политички поени“, „Бери поени човекот, резил!“, „Само со изопачен ум … може така да се размислува. Кој би скрил убиец…, со такви навреди кон вработените во МВР треба јавно да се извиниш и да одговараш кривично“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи под веста за прес-конференцијата на Јанушев.

Граѓаните исто така забележуваат дека најголем дел од обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ им завршуваат со прашалници, свесни дека го користат немилиот настан за собирање евтини политички поени.

Тоа е апсолутна невистина, категорично ги демнатира манипулациитена Јанушев од МВР и нагласија „таква работа не постои“.

Освен ВМРО-ДПМНЕ, во обид политички да се профитира од трагедијата тргна и Левица со своите лажни страници на социјалните мрежи. Преку една од ваквите лажни страници, на која редовно се споделуваат сите партиски соопштенија, тие повикуваат на некаков протест, во време кога службите и институциите го решаваат случајот, има приведени и делото е признато.

Преку една од нивните лажни страници на социјалните мрежи тие се обидуваат да организираат протест за смртта на Вања, во обид да го политизираат настанот и да ќарат евтини политички поени. Една од ваквите страници на Левица, која е со сосема друго име, но редовно ги споделува партиските соопштенија и настапи, повикува на протест во сабота, обидувајќи се да ја искористи емотивната ситуација за политички цели.

Ваквиот обид за политизација на целиот настан сепак не наиде на поддршка кај граѓаните кои се погласно на социјалните мрежи реагираат на невкусноста на овој политикантски обид. Водителката Миа Костова на социјалните мрежи запраша за што се протестира, па и пред зградата на девојчето додека семејството е уште во шок.

„Јас се извинувам, за што се протестира? Па уште пред зградата на девојчето, семејството уште во шок, Вања во судска медицина, вие ќе шетате со нејзини слики? Сериозно? Па сликата со која повикувате, со некој језив фотошоп што ја шерувате…натакната глава од девојчето на енкој бел фустан…Мозок ви недостига, тоа ве прави морбидни“ напиша Костова.

Изминатите денови по акцијата на МВР во соработка со Јавното обвинителство, во притвор се четири лица за убиството на малата Вања, а тројца од нив го признаа делото. Во ситуација кога службите го расчистуваат случајот и ја откриваат ситуацијата, разбирлив е гневот на граѓаните од ваквите обиди за политизација на случајот.

Зачлени се на нашиот е-билтен