Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Музиката на „Леб и сол” со изведбата на Националниот џез оркестар премина во македонски џез стандард

Викендов во Македонската опера и балет музиката на “Леб и сол” беше инспирација за целовечерниот концерт на Националниот џез оркестар. Под диригентска палка на Емин Џијан, во аранжмани адаптирани за џез музика беа изведени композиции на легендарниот македонски бенд.

– Ние пораснавме со “Леб и сол”. Постарата генерација од овој оркестар, како деца почнавме да свириме прво музика на  “Леб и сол” и за нас дефинитивно е огромна инспирација да се прави и да се преаранжира музиката на овој култен бенд. Нивниот опус на работа е огромен. Има најразлични периоди каде им се менувал и начинот на компонирање и начинот на звук, на продукцијата, потоа изборот и пристапот кон концептите и темите, вели Џијан Емин, музичар и диригент на концертот.

Новите генерации денес не ретко наоѓаат инспирација  во музиката на “Леб и сол”, бендот чија работа и творештво од седумдесетите годни на минатиот до сега преставува фундаментален дел од македонската музичка историја. Нивните музички дела од тридецениската работа во саботата преминаа во македонски џез стандард.

-Мислам дека ние луѓето кои се занимаваме со музичко – сценска дејност, на некој начин и конкретно влијаеме на создавањето на македонската музичка сцена. Денес има огромна промена во однос на тоа што се случува на музичката сцена во Македонија и добро е новите генерации да слушнат како звучеле “Леб и сол” во 70- ти, 80-ти и 90 ти години. Како бил тој процес на растење на еден бенд, бидејќи кај нас е сепак “Леб и сол” еден од најсериозните бендови, па  може и да се каже во бивша Југославија. Така да, мислам дека овој концерт е многу битен и од едукативен карактер за некои нови генерации кои што можеби во нивната младост немале прилика да слушнат нешто вакво. Да ги слушнат оригиналните ствари, па да ги слушнат аранжманите и нашата изведба како ќе звучи – заклучи Џијан.

Адријана Георгиев (Трн)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново