Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албански медиуми: Исклучените пратеници со обид за насилно влегување во албанскиот парламент; на Самитот на ЕУ за Западен Балкан изостана пораката за членство на Албанија

Исклучените опозициски пратеници денеска се обидоа насилно да влезат во албанскиот парламент, при што се соочија со Гардата, известија албанските медиуми.

На Самитот за Западен Балкан што се одржа во Брисел, иако се очекуваше, немаше порака за членството на Албанија во ЕУ.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Исклучените пратеници се обидоа насилно да влезат во Собранието, се судрија со гардата

Поранешниот премиер Сали Бериша, Газмент Барди и други пратеници се судрија со гардата, која стои на влезот од зградата на Парламентот.

Во меѓувреме, среде судирите, демократите ги спречија своите колеги социјалисти да влезат во салата. Вака и се случи на Олта Џачка на која Газмент Барди не и дозволи да влезе. Наскоро ќе дадете одговор во СПАК, му се обрати Барди Џачка, додека социјалистот го нарече детиште, пренесе Топ Чанел.

Визион Плус: Самит ЕУ-Западен Балкан, нема порака за членство на Албанија

Самитот ЕУ-Западен Балкан оваа среда во Брисел беше затворен со заедничко соопштение, чиј фокус е процентот на членството на земјите од регионот, зголемувањето на инвестициите на ЕУ и сајбер безбедноста.

И покрај очекувањата, не дојде јасна порака за ставот на Албанија и Грција да го блокираат отворањето на првата група-поглавја поради случајот Белери, пренесе Визион Плус.

КОСОВО

РТВ 21 – О’Брајан: САД очекуваат новата влада во Белград да се придржува до договорот со Косово

Соединетите Американски Држави очекуваат следната влада на Србија, која ќе произлезе од изборите на 17 декември, да ги продолжи разговорите за нормализација на односите со Косово, како и за патот кон европската интеграција, изјави американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, пренесе РТВ 21.

Зери: Неодржувањето српски избори на северот  не предизвикува конфликт, Србија ќе пропагира против Косово

Универзитетскиот професор Милазим Красниќи ја оцени одлуката на косовските институции да не дозволат одржување на српски избори на Косово, како исправна.

Професорот Красниќи рече дека нема ризик да се предизвика конфликт на северот од земјата поради неовозможувањето на овие избори, бидејќи според него, Србите на некој начин се договориле да не учествуваат на изборите.

Тој рече дека се очекува Србија да ја искористи оваа можност за пропаганда против Косово, пренесе Зери.

КОЛУМНА

Бота Сот: Заедницата и заминувањето на младите, главните предизвици на Косово за 2024 година

“Една од раните на Косово која секојдневно се продлабочува е заминувањето на младите од Косово. Од 2015 година, кога бегалскиот бран го достигна својот врв, трендот не е дека тој опаѓа, тој продолжува да го зголемува бројот на бегалци. Според податоците на Агенцијата за статистика, само минатата година Косово го напуштиле 42 илјади луѓе.“, пишува авторот Фатон Мехмети во колумната „ Бота Сот: Заедницата и заминувањето на младите, главните предизвици на Косово за 2024 година“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново