Новиот претседател на српското собрание очекува извини од Вучиќ

Александар Чупиќ, кандидатот на Студентската листа за претседател на српското Собрание, најави дека ќе го пријави својот имот во Агенцијата за спречување корупција. По собраниската расправа, обвинувањата од Александар Вучиќ и пратениците на СНС ги оцени како клевети и порача дека очекува извинување.

Повод беа тврдењата на Вучиќ и Билјана Пантиќ Пиља за станови и гаражи што наводно ги поседува Чупиќ. Вучиќ читаше делови од договор за финансирање изградба и изнесуваше катастарски податоци.

Чупиќ одговори дека сè што стекнал е резултат на неговиот труд. Оцени дека поранешната власт сè уште не се помирила со политичките промени и дека расправата ја одбележале лични навреди, наместо дебата за работата на парламентот.

Доколку биде избран, најави поинакво водење на седниците и доследно почитување на деловникот. Според него, претседателот на Собранието има одговорност да го смени тонот на расправата.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?