– Цврстата поддршка на Грција за ЕУ перспективата на Западен Балкан, ја повтори портпаролот на грчката Влада Павлос Маринкис на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа каква би била нивната позиција кон Северна Македонија во случај Албанија да биде блокирана од Грција.
Официјална Атина бара од Тирана да му дозволи на притворениот градоначалник на Химара, Фреди Белерис да положи свечена заклетва и во спротивно нема да се согласи на ЕУ перспективата на Албанија, а за тоа како ова би влијаело врз нашиот пат кон Унијата и дали евентуално Грција би побарала одвојување на двете кандидатури, Маринакис не даде конкретен одговор на прашањето на МИА.
-Нашата земја е позитивна и ја поддржува европската перспектива на земјите-кандидатки, но поставува и некои предуслови, поставени и од сите земји во целина, односно почитувањето на владееењето на правото, на човеквите права и на сите предуслови потребни за напредок и да се заврши овој пристапен процес на земјите од Зпаден Балкан. Ова важи во целина и секако онаму каде што има некои случаи, како што е случајот со Албанија, очигледно го поставуваме тоа за да се задоволат барањата, рече Маринакис.
Дополнително, се осврна детално на случајот со Белерис, истакнувајќи дека не е билатерално прашање меѓу Грција и Албанија, туку е прашање на владеењето на правото.
Грчкиот премиерот синоќа учествуваше на Самитот Европска Унија-Западен Балкан, а Маринакис истакна дека цврстата позиција на Грција е поддршка на европската перспектива на Западен Балкан, „како инвестиција во стабилноста, развојот и просперитетот на регионот, секако доколку земјите кандидати ги исполнуваат потребните предуслови и ги спроведат потребните реформи“.