Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албански медиуми: Парламентот го овласти СПАК да го уапси Бериша; поддржувачи на Бериша се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон; безбедноста на Косово клучна за стабилноста на Балканот

Според најавите на поранешниот албански премиер Сали Бериша, денеска се очекува да се одржи протестот на опозицијата на кој околу 800 полицајци од полицијата во Тирана и од Националните безбедносни сили се ангажирани за одржување на редот и безбедноста. Пред албанското Собрание веќе започнаа тензиите, пратеници од  Демократската партија се судрија со гардата пред влезот на парламентот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг  во своето годишен говор изјави дека одржувањето на мирна и безбедна средина во Косово е клучот за стабилноста на Западен Балкан.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Парламентот го овласти СПАК да го уапси Бериша

Собранието денеска со 75 гласа „за“ му даде овластување на СПАК за апсење на пратеникот Сали Бериша. Одлуката е донесена сред физичките пресметки на демократските пратеници со гардата.

Бериша, додека беше во салата, одби да земе збор, додека со насмевка ја чекаше одлуката, опкружен со некои негови поддржувачи, пренесува Топ Чанел. 

Досја.ал: Судир меѓу пратениците на ДП и вработените во гардата пред  вратата од Собранието

Во Собранието денеска почнаа првите тензии. Демократските пратеници се судрија со вработените во Гардата, бидејќи последниве не им дозволија да влезат, пренесе Досја.ал.

Опинион: Протести пред Собрание, поддржувачи на Бериша се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон

Пред Собранието имаше моменти на тензија меѓу демонстрантите и полицајците. Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон во моментот кога поранешниот премиер Сали Бериша се обрати пред Парламентот на Албанија, пренесе Опинион.

КОСОВО

Клан -Столтенберг: Безбедноста на Косово, клучна за стабилноста на Балканот

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека одржувањето на мирна и безбедна средина во Косово е клучот за стабилноста на Западен Балкан.

Оваа година, НАТО испрати стотици дополнителни војници во својата мировна мисија во Косово, КФОР, по немирите предизвикани од распоредувањето на албански градоначалници во четири општини со мнозинско српско население во северно Косово, каде што десетици војници на КФОР беа повредени за време на протестите на локалните Срби кои ги бојкотираа локалните избори во април, како и по инцидентот во Бањска во септември, кога вооружени групи Срби ја нападнаа косовската полиција, при што уби еден полицаец.

Воената мисија на Алијансата денес брои над 4.600 војници на Косово, пренесе Клан.

КОЛУМНА

Коха: Србија во четири погледи

Изборите во 2023 година ја подготвија Србија за посакуваната земја на чудата во 2024 година – со Русија победничка, Европа наклонета кон крајната десница и Трамп на чело на Америка – свет кој, се надева претседателот Вучиќ, ќе почне да го бара сличноста на Србија денес, пишува публицистот и политичкиот аналитичар Ветон Сурои во колумната „Србија во четири погледи“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново