Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шефот на хрватската дипломатија казнет со 5.300 евра за судир на интереси

– Хрватската комисија за одлучување за судир на интереси утврди дека шефот на дипломатијата и за европски работи, Гордан Грлиќ Радман, го прекршил законот и е казнет со 5.300 евра, со тоа што 2.600 евра ќе може да ги плати на шест рати, а останатото веднаш.

Комисијата утврдила дека Грлиќ Радман криел милионски плаќања од „Агропротеинка“, а прашањето било покренато врз основа на медиумски информации. 

Грлиќ Радман се правдаше дека тоа била негова „случајна грешка“ и кажа дека за тие пари „платил данок“, иако тоа воопшто не било доведено во прашање.

Министерот кажа дека поднел имотна пријава, но дека не ја пополнил уредно, па тоа го направил дури во октомври годинава. Тој е казнет со највисоката казна, а отежителна околност е што не пријавил дивиденда, како и тоа што веќе бил предупреден дека мора да пријави приходи од капитал, јави загрепската телевизија Н1.

Најново