Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Упатено предупредување за силен ветер во крајбрежните реони на Белгија 

– Белгиското Министерство за внатрешни работи денеска упати предупредување за очекување на налети на силни ветрови во реоните на Белгија крај Северното Море во периодот од 12 до 20 часот, кои на места ќе достигнат брзина и од 80 до 100 километри на час. 

Министерството ја активираше и дополнителната телефонска линија 1722 на која граѓаните ќе можат да пријавуваат оштетувања или да алармираат за потреба од помош, паралелно со јавувањата на постојаниот број 112.  

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, белгискиот Кралски метеоролошки институт соопшти дека во останатите делови на Белгија се очекува облачно време со ветер со брзина до 60 километри на час, додека во реонот на Ардените налетите ќе достигнат и до 70 километри на час. 

За утре, на Божиќ според Грегоријанскиот календар, се најавува облачно време и слаб дожд со температури од 7 до 12 степени и умерен до засилен ветер со брзина од 60 до 65 километри на час, особено во крајбрежните региони. 

Во текот на следната недела се очекува врнежливо време и постепено намалување на температурите во пресрет на новогодишниот викенд. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново