Блинкен пристигна во Турција

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна попладнево во Турција, со што ја започна својата четврта турнеја на Блискиот Исток од избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас пред три месеци.

Блинкен се очекува утре во Истанбул да има средба со неговиот турски колега Хакан Фидан и со претседателот Реџеп Таип Ердоган, пред да отпатува за Грција подоцна во текот на денот.

Тој треба да ги посети и Западниот Брег и Израел.

Зачлени се на нашиот е-билтен