Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повеќе од 1.000 луѓе со симптоми на грип во болниците во Англија

 Повеќе од 1.000 луѓе се во болница со симптоми на грип низ цела Англија, а бројот се зголеми за повеќе од една третина во текот на Божиќ, според бројките објавени од Националната здравствена служба (NHS).

Според бројките на NHS, имало просечно 1.313 луѓе во болница со симптоми на грип секој ден во неделата што завршува на 31 декември, објави „Гардијан“.

Тоа беше зголемување за една третина во однос на претходната недела, кога бројката беше 942.

Зголемувањето на приемите во болница поради грип доаѓа во момент кога лекарите-приправници го организираа најдолгиот штрајк во историјата на Националната здравствена служба поради спорот околу платите.

Осумдесет и еден заболен од грип се на интензивна нега, што е зголемување за близу 70 отсто во споредба со претходната недела.

Неделата која заврши на 31 декември беше и најинтензивна за возилата на Итна помош оваа зима, со повеќе од 93.500 возила кои пристигнаа во болниците.

Бројот на лица примени во болница со Ковид-19, исто така, се зголеми за 72 проценти во декември. 

Најново