Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден ја почна изборната кампања со обвинувања кон Трамп на третата годишнина од упадот во Капитол

 Претседателот на САД, Џо Бајден, ја одбележа третата годишнина од упадот во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година со политички говор од Пенсилванија, кој во голема мерка го посвети на неговиот најголем конкурент за изборите во 2024 година од Републиканската партија, Доналд Трамп, пренесува Гласот на Америка.

Бајден го обвини Трамп, веројатно неговиот противкандидат на годинашните претседателски избори, дека ги поттикнал нападите на 6 јануари 2021 година, а потоа ги одбил барањата да ги прекине, ставајќи го бунтот во центарот на неговата кандидатура за реизбор.

Бајден одбележа три години од нападите на 6 јануари 2021 година со својот прв голем предизборен говор оваа година, напаѓајќи го Трамп, додека неговата кампања се обидува да одговори на прашањата за управувањето со американската економија, како и забелешките за неговата возраст од 81 година. Трамп има 77 години.

Бајден вети дека одбраната на демократијата е негово главно ветување и посочи дека гласањето за Трамп значи глас за диктатура.

„Демократијата е на гласачкото ливче. Вашата слобода е на гласачкото ливче“, рече Бајден.

Зачлени се на нашиот е-билтен