Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полските камионџии постигнаа договор со Владата , го прекинуваат протестот

 Полските возачи на камиони кои блокираа некои гранични премини со Украина од ноември, постигнаа договор за „одредени услови“ со Владата и ќе го завршат протестот во среда во 12 часот, соопшти организаторот.

Полските возачи побараа од ЕУ повторно да воспостави систем според кој на украинските компании им требаат дозволи за работа во Унијата, како и на европските камионџии кои влегуваат во Украина.

„Тоа нема да биде крај, туку ќе има прекин на протестите“, изјави Томаш Борковски од Комитетот за заштита на превозниците и работодавачите во транспортот.

„Се договоривме за одредени услови, ќе и дадеме време на Владата да работи бидејќи тоа е нова влада“, додаде тој.

Полското Министерство за инфраструктура денеска на прес-конференција треба да го потпише договорот.

Полските земјоделци одлучија да го прекинат протестот на граничниот премин со Украина во Медика, откако владата се согласи со нивните барања претходно овој месец.

Сепак, камионџиите блокираат уште три гранични премини. 

Зачлени се на нашиот е-билтен