Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Британскиот министер за надворешни работи го повика американскиот Конгрес да одобри нова помош за Украина

 Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска ги повика американските конгресмени да одобрат нов пакет помош за Украина, на што инсистира и американскиот претседател Џо Бајден.

Камерон ова го изјави на Светскиот економски форум во Давос. Тој нагласи дека одобрувањето на нова помош ќе биде во интерес на САД и дека обидите да се „вразуми“ Русија нема да функционираат.

„Постои мнозинство во Конгресот за усвојување помош. Само треба да го најдеме и да го натераме да гласа, рече Дејвид Камерон во Давос.

Кон крајот на минатата година, САД ја објавија последната транша од воената помош за Украина, но сега администрацијата на претседателот Џо Бајден допрва треба да ги убеди републиканците во Конгресот да поддржат нов пакет од 61 милијарда долари.

– Историјата нè учи дека ако се обидете да вразумите агресор во Европа, агресорот доаѓа зпо уште повеќе. А кога агресорот ќе дојде за повеќе, крајната цена што ја плаќаат вашите војници и вашата земја станува сѐ поголема, истакна британскиот министер за надворешни работи.

Републиканците, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом во американскиот Конгрес, за возврат за нивната поддршка за Украина бараат заострување на американската имиграциска политика.

Зачлени се на нашиот е-билтен