Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Речиси 100 луѓе загинаа во новите израелски напади во Газа

 Во израелските напади синоќа и утринава загинаа 93 лица, а најмногу жртви има на југот на Појасот Газа, каде Израел ги засили своите воени операции, соопшти палестинската исламистичка организација Хамас, која владее со таа територија.

Нападите на израелската војска продолжија и на окупираниот Западен Брег, особено во Тулкарeм, каде еден млад човек беше убиен со куршум во градите, соопштија локалните власти. Рацијата во Тулкарeм започна во зори во средата и продолжи денеска.

Во Појасот Газа „93 лица загинаа во нападите во текот на ноќта и зори, вклучително и 16 во семејна куќа во Рафа на границата со Египет“, соопшти канцеларијата за медиуми на Хамас.

Израелската армија изврши и десетици напади врз Кан Јунис, најголемиот град на југот на Газа и бегалски кампови во централниот дел, велат истите извори. 

Зачлени се на нашиот е-билтен