Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Виетнам изречени затворски казни за речиси 100 луѓе поради напади врз полициски станици

Виетнам изрече затворски казни за речиси 100 лица под обвиненија за тероризам поради минатогодишните напади врз седиштето на полицијата во централниот дел од државата во кои загинаа девет луѓе, јавија државните медиуми.

Напаѓачи со мотори упаднаа во полициски и политички канцеларии во провинцијата Дак Лак во јуни минатата година во редок инцидент на насилни немири во Виетнам.

На крајот од петдневното судење во затворот во кој беа обвинетите, 10 од нив се осудени на доживотен затвор, а на 90 други им беа изречени казни од девет месеци до 20 години.

Деведесет и осуммина се обвинети за тероризам, еден за криење криминалци и еден за олеснување на илегална имиграција. Сите се од етничките малцински групи во централниот дел од државата. Судот ги обвини дека сакаат да ја „урнат државата“. Осудените се на возраст од 18 до 56 години.

Шестмина обвинети се во бегство и им се судеше во отсуство. По нив се распишани меѓународни потерници.

Државните медиуми ја цитираа пресудата дека обвинетите се приклучиле на групата Дега војници на почетокот на јуни 2023 година, собирајќи се во џунгла каде имале паравоена обука. 

Зачлени се на нашиот е-билтен