Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Американски авиони шести пат по ред ги гаѓаа Хутите во Јемен

 Американски воени авиони ги гаѓаа позициите на бунтовниците Хути во Јемен и уништија противбродски ракетни фрлачи што беа подготвени за лансирање ракети, изјави американски официјален претставник.

Официјалниот претставник кажадека нападите, шести по ред, биле извршени вчера со авиони Ф/А-18 кои полетале од американскиот носач на авиони „Двајт Ајзенхауер“.

Сателитскиот информативен канал „Ал Масира“ со кој управуваат Хутите вчера објави дека биле извршени воздушни напади врз пристанишниот град Ходеида, а на мета била населбата Ал Џабана во западниот дел на градот.

Се уште не е соопштено кои биле целите на овие последни американски напади.

Американскиот претседател Џо Бајден, пред два дена, призна дека нападите врз позициите на Хутите, во кои се вклучени американските и британските воздушни сили, сè уште не ги спречиле Хутите и натаму да напаѓаат трговски бродови во Црвеното Море, клучен воден пат за светската трговија.

Хутите тврдат дека цел на нивните напади врз американски и израелски бродови е да се запре израелската војна против Хамас во Појасот Газа.

Зачлени се на нашиот е-билтен