Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СБУ го изврши нападот врз рускиот нафтен терминал „Уст Луга Оил“

 Неименуван извор тврди дека Службата за безбедност на Украина (СБУ) го изврши нападот со беспилотни летала врз рускиот нафтен терминал во Уст Луга.

Како резултат на нападот терминалот привремено престана да работи.

Според неименуваниот извор тоа било специјална операција против морскиот терминал, кој бил погоден со висока прецизност и предизвика голем пожар, а персоналот беше принуиден да се евакуира.

– Нафтениот терминал „Уст Луга Оил“ е важен објект за непријателот. Таму се обработува гориво, наменето за руските трупи. Успешниот напад на таков терминал предизвикува не само економска штета на Русија, туку и го лишува напаѓачот да профитира од војната во Украина, и сериозно ги нарушува патиштата за снабдување со гориво на руските сили, додаде неименуваниот извор за украинските медиуми.

Терминалот е еден од најновите во Русија и еден од најважните. Генерално се користи за извоз, но и обезбедува гориво за руската армија. По нападот на СБУ, сите танкери беа итно евакуирани во Балтичкото Море. Сите активности за товарење и истовар се прекинати. Терминалот е управуван од рускиот производител на течен гас „Новатек“.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново