Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кремљ соопшти дека не контактирал со Трамп за конфликтот во Украина

 Кремљ не контактирал со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за прашања поврзани со решавање на конфликтот во Украина, соопшти руското претседателство.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, руското раководство нема идеја како точно Трамп има намера да го реши проблемот доколку победи на изборите.

– Не, немаме информации како тоа би можело да се случи, рече тој како одговор на новинарско прашање. Запрашан да коментира за можната интеракција на руската дипломатија со Трамп на оваа тема, Песков истакна дека во оваа фаза „нема контакти“ со него.

Пред два дена Трамп, кој е најверојатниот кандидат на Републиканците за следните претседателски избори, вети дека ако победи на изборите, ќе постигне мирно решавање на конфликтот во Украина уште пред неговата инаугурација.

Во исто време, Трамп не посочи колку време ќе му треба за да постигне мирно решение или како точно има намера да го реши конфликтот.

– Го знам (рускиот претседател Владимир) Путин добро …, го знам (украинскиот претседател Владимир) Зеленски, ќе го решиме ова, рече тој на митингот на неговите поддржувачи во Њу Хемпшир.

Зачлени се на нашиот е-билтен